Семејни стебла во здравството: Сопругата на министерот Лога, нејзиниот брат, ќерката на Мира Дизел, синот и ќерката на директорите…
Ресорот здравство го направија дувло на непотизам, без критериуми и по истиот принцип се вработува кадар и на клиниките, иако тие се врвни здравствени установи од терциерно ниво. Без долгогодишна кадровска стратегија за континуирано надополнување на потребниот медицински кадар, без системска грижа за едукации и пренос на знаење и со нерешавање на статусот на голема група здравствени работници кои се со договор на дело и посветено работат и се грижат за граѓаните, Владата направи штета на долг рок, а здравството е вратено наназад за неколку децении, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не се реши статусот на здравствените работници кои работат со договор на дело со години, но експресно функционерите од власта веднаш ги ухлебија своите семејни лози.
Јавноста остана за покуса за отчет и одговори.
Дали и сопругата на министерот за правда Кренар Лога се вработи на Клиниката за стоматологија и дали нејзиниот брат е сега шеф на кабинет на министерот за здравство, Илир Демири? Примерот за семејни лози кои се вработуваат во најсензитивниот ресор здравство го следат ќерката на екс пратеничката Мира Дизел, синот на директорот на Урологија и ќерката на директорот на Очна клиника. Овие непотистички стебла го урнисуваат и онака кревкото здравство, а Владата на СДС и ДУИ е одговорна за егзодусот на медицинскиот персонал. Долги и макотрпни се процедурите за медицинскиот кадар кој работи повеќе години со договор на дело, но едноставни се процедурите за вработување на семејните лози на одродената власт кои се нетранспарентни. Ќе остане запаметено дека помалку важниот коалиционен партнер СДС, се задоволува со сооднос од 50% за вработувања и 50% на кадар од ДУИ.
Поради ваквите неадекватни политики и заради тоа што никогаш не било полошо, граѓаните ќе ги прегазат на изборите што следат, а здравствениот систем итно ќе биде рестартира.
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди решение – мерка за решавање на статусот на вработените во здравството кои немаат решен статус и ќе се залага за квалитет во здравството, со заложба за менаџирање со знаење, струка и интегритет во интерес на сите граѓани и целокупниот здравствен систем, додаваат од партијата.