Дали Костадинов ја сака Струмица за 2.5 милиони евра провизија?

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов со нов профитерско – провизиски проект пред избори, пишува доктор Никола Манџуков.

Манџуков појаснува дека објавена е набавка за електрични комбиња (капацитет 22 седишта) во Струмица по единечна цена од 700 000 евра – односно се трошат 7 милиони евра за набавка на 10 комбиња (429,9 милиони денари), а за споредба – Општина Штип минатата година потроши 50 милиони денари за 6 автобуси (со капацитет двојно повеќе патници).

– Според анализи на пазарот – цена на електричен автобус (А НЕ на електрично комбе) чини 150 000 – 200 000 евра повеќе од автобус на метан (нели сме гасифицирана општина!). Цена на еколошки  автобус на метан е околу 250 000 евра. По секоја проценка – електричен автобус (НЕ КОМБЕ) треба да чини околу 450 000 евра, додава тој.

Во Струмица, Костадинов ги набавува за 700 000 евра.  Кој ќе ја земе провизијата од 250 000 евра по комбе – или 2.5 милиони евра. Дали Костадинов пред избори прави профит бизнис зделка за 2.5 милиони евра провизија. Дали ја  сака Струмица од срце за 2.5 милиони евра? – прашува докторот.