Таравари го повика Ахмети на дуел
Во статус на социјалната мрежа „Фејсбук“, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари го повика Али Ахмети на дуел.
„Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува … Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува со мене и да вие изберете кој најдобро ве застапува!“ пишува Таравари.