(ВИДЕО) Кога Сашко Салин, обезбедување на Заев тепа, НИКОБ гледа, а МВР на Спасовски молчи

На видео запис кој кружи на социјалните мрежи, прикажана е масовна тепачка во локал во Струмица, која се случила на 17.12.2023 година.

Имено, станува збор за инцидент во млечниот ресторан „No 1”, лоциран на улицата „Младинска“ во Струмица, а во тепачката учествувал припадник на МВР, член на личното обезбедување на поранешниот премиер Зоран Заев.

Насилството е извршено над лицето Љ.Д. пред очевидци, меѓу кои и вработените во млечниот ресторан, кои повикале обезбедувањето.
И обезбедувањето од агенцијата „Никоб” е физички нападнато од припадникот на МВР, а за тоа од страна на агенцијата не се доставени извештаи за настанот во согласност со законот.

За тепачката било запознаено и раководството на МВР, кои од непознати причини до сега не преземале ништо, иако за истоимениот настан има и видео запис.

Инаку, потребно е да се потенцира дека припадникот на МВР инволвиран во погоре наведениот настан е лице за кое медиумите во 2016 година пишуваа за неговите насилнички дејствија.