„СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПАСОШИТЕ И ТРЕБА ДА ИМА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ, 650.000 луѓе во моментов се во домашен притвор“
Можам да ги потсетам граѓаните како чекаа вакцини од Вучиќ на граница, седум месеци откако нашата околина веќе примаше вакцини и од тоа направија театар. 650.000 луѓе во моментов се во домашен притвор во Македонија бидејќи не може да излезат од државата, како во времето на Енвер Хоџа. Нема што да се прави театар од пречек на пасоши, пасошите доцнат, 450.000 им фалат. СДСМ треба да објасни зошто доцнат, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.
Латас нагласи дека повеќе срам за државата и Бојмацалиев како претставник и за СДСМ и ДУИ, што исто како вакцините кои ги чекаа на граница, откако луѓето се испоразболеа, а сега откако луѓето тука се без пасоши и без можност да излезат од државата.
– Тоа што ги добиле сега пасишите не е доказ дека ја завршиле работата, туку дека не ја завршиле. Сега е крај на февруари, луѓе чекаат пасоши нема. Власта е виновник. Кој ги набавува, кој ги порачува, кој ги издава, власта. До пред неколку недели 100% власт во Македонија беше ДУИ па СДСМ, тие пасоши веќе требаше летото да бидат на располагање, а не на крај на февруари, рече Латас.
Латас нагласи дека прво треба да има одговорност за тој што изал пасоши со ограничена важност, а дал на пасошот важност години повеќе отколку што реално пасошот важи, ги ставил граѓаните во трошок иако знаеле дека на 12 февруари 2024 пасошот истекува.
Тој посочи дека и за редиците со граѓани откако добивме нов министер за внатрешни работи и за една недела немаме редици.
– Значи можело поинаку. Нема потреба да мислиме чија вина е проблемот со пасошите, зошто граѓаните не може да излезат или тие кои се надвор не може да се вратат дома. На тој што е на власт. Виновен е тој што му е работа, за 2500 евра министерот кој зема пари повеќе од лекар и тоа дупло, три пати поголема од професор и сега го нема, тој е виновен. Прво е виновен е министер за внатрешни работи, а потоа министерот за надворешни работи на кого му е работа и со грчката страна да договори ако веќе има доцнење и кај ЕУ да бара заедничко мислење и да видиме како да се пролонгира. А не денеска да кажува дека не може да се смени, рече Латас.
Латас истакна дека треба да се има кривична одговорност за несовесно работење и загрозена состојба на своите граѓани.
– Има луѓе со бизнис кои мора да излезат, има луѓе кои се болни, на крајот на краиштата има и луѓе кои сакаат да одат на одмор, се работи за слобода на движење и човекови права. Сето тоа е оневозможено заради министер за внатрешни и министер за надворешни на чело со премиерот. Толку е очигледно кој е виновен, изјави Латас.