Ова е соживот? ДУИ СЕ ЗАКАНИ СО БЛОКИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ со 10.000 амандмани

Предлог законот за бранителите од 2001 година се најде на дневен ред во Собранието, а координаторот на ДУИ во Собранието, се спротивстави на предложениот закон на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за правата и обештетувањето на „бранителите“ да минува низ скратена процедура во Собранието.

Овој закон да не се разгледува во Матичната комисија без одговор од Комитетот меѓу заедниците, доколку истиот закон го изгласа мнозинството од гласачите“, рече Адеми.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заеднички дадоа поддршка на законот да помине по скратен постапка.

Тој рече дека за овој закон мора да се изјасни Комитетот меѓу заедниците, во спротивно ДУИ ќе го блокира.

„Доколку не се бара одговор од Комитетот меѓу заедниците, иако бевме конструктивни, сакам да ве информирам дека подготвивме над 10.000 амандмани за да го блокираме одобрувањето на истите“, изјави Адеми.