Со разбојничкото раководење на СДС, ДУИ и Левица, во ЈСП Скопје пак без плата

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде се парите за ЈСП Скопје и зошто уште нема плата за вработените.

„Добро утро политички инструирани синдикати,
Добро утро разбојничко раководство на градот Скопје и ЈСП, владејачка градска коалицијо СДС, ДУИ и Левица:

Три месеци по изгласаните 120 милиони денари субвенции за исплата на декемвриската плата, и два дена по изгласувањето на 700 милиони денари за исплата на плати за цела година, и денес вработените во ЈСП немаат плата.

Прашање до разбојничкото раководство на градот и ЈСП, Арсовска и директорот Крсте Петревски, и коалиција СДС, ДУИ и Левица, зошто не ги барате парите кои владата ги должи на ЈСП, и зошто ЈСП нема за плати?
Каде се парите за плати?
Прашање до инструираните синдикати на ЈСП, ќе побарате ли одговори и одговорност од раководството на ЈСП и градот Скопје?“, се вели во соопштението.

Comments are closed.