Иста таква машина за бележење за која обвинува СДС, набавила и општина Струмица, не за две туку за 15 илјади евра, во чии џебови завршиле парите
СДС брутално лаже за набавката на машините за бележење сообраќајници, одејќи со наратив дека е голема афера, а всушност станува збор за домаќинска набавка. СДС вели дека таквата машина можела да се набавки за (цитираме) „две до три илјади евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на обвинувањата од СДСМ дека во Велес и Битола се набавуваат машини по поскапа цена.
Еве и да речеме дека е така, во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави, посочуваат тие.
Додаваат дека оттука следствено на тоа ќе ги постават истите прашања кои ги поставува СДС.
Што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот. Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики, стои во соопштение.
Претходно од СДСМ обвинија дека такви машини за хоризонална сигнализација можела да се набави за 2-3 000 евра, а Битола и Велес ги набавувале многу поскапо.
Линкот од документот можете да го најдете ТУКА.