Боки 13 ја објави првата фотографија откако излезе на слобода

Една недела откако доби прекин на затворската казна, Бојан Јовановски или Боки 13 ја објави првата фотографија на социјалните мрежи, а направена пред  Соборниот храм во Скопје.

-Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош, прво и најважно здравје, па потоа се ќе си дојде на свое место. Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови за целиот изминат пеколен период, напиша Јовановски на својот Фејсбук-профил.

Боки 13 доби прекин на казната поради лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.