Милевски: Партиската полиција на Спасовски продолжува да се занимава со политички неистомисленици и прави хајки како во темните времиња на комунизмот

Обраќање на Директорот на ЈКП ВОДОВОД и Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА Пеце Милевски за кривичната пријава против него:

„Продолжува партиската полиција на Оливер Спасовски со неосновани кривични пријави кон мене како директор на ЈКП ВОДОВОД и Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, со една единствена цел политички да дискредитираат.
Некакви листови хартија на кои тие им даваат наслов кривични пријави нема да ме исплашат бидејќи за многу кратко време Оливер Спасовски нема повеќе да биде министер а неговите партиски послушници во СВР БИТОЛА ќе се срамат.
Во период кој следи јавноста се повеќе ќе се запознава со тоа како сегашните и поранешните раководни високи полициски старешини ракоделе и како раководат со СВР БИТОЛА.
Доаѓа време на сериозна политичка одговорност!
Жалам што живееме во општество полно со криминал, дрога, киднапирања и убиства и тогаш кога полицијата треба да се занимава со борба против тоа, таа се занимава со политички неистомисленици и прави хајки како во темните времиња на комунизмот.
За наводите во пријавите тврдам дека се целосно неточни и се далеку од вистината.
Јас се соочувам со полициски прогон и хајка од првиот ден но тоа нема да ме поколеба во намерите и борбата оваа криминална власт да си замине и државата повторно да биде на сите граѓани а не само на една мала група луѓе“, стои во постот на Милевски.