Ѓурчевски: ПОЛИЦАЈЦИ НА ПЛАТЕН СПИСОК НА КРИМИНАЛНИ ГРУПИ

Секогаш кога зборуваме за организираниот криминал, мораме да ја имаме предвид спрегата помеѓу власта и организираните криминални групи. Високиот степен на корупција кој што владее во Македонија и точно поради тоа сме многу тенки во извлекување на оперативни сознанија односно индиции кои што во понатамошната фаза ќе се развиваат во истрагата за да се обезбедат докази и тие кривични дела да се расчистат односно да се дојде до убијците. Односно да се дојде до вистинските мотиви за тие кривични дела пресметки, вели Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР .

Според него корупцијата копа длабоко и во МВР и јавна тајна е дека дел од полициските службеници се на платен список на криминалните групи, и работат во нивна полза наместо во расчистувањето на престрелките за превласт на територија, продажба на наркотици или пак нерасчестени должничко доверителски односи, објави Алфа.

За фалбите на министерот Спасовски за расчистување на криминални дела тој вели дека  статистиката се злоупотребува за политички цели, а не за она што навистина треба да служи.

„Доблесно е тоа што он признава дека во полицијата, но и во сите останати кои што му служат на обвинителството во предистрагите и истрагите, апсолутно немаат ништо направено во последните 7 години, бидејќи тие убиства се во последните 5-6 години..Овде имаме класична злоупотреба на статиситката како наука во политички цели, наместо статистиката, да ја искористиме за планирање на службите да делуваат по време и место на сторување на кривичните дела“ вели Ѓурчевски.