Димовски: Ден од како одбив да гласам за Преспа, добив обвинение од СЈО

СЈО беше создадено за политички цели. Ден од како одбив да гласам за Преспа, добив обвинение од СЈО. Од самите почетоци СЈО имаше задача и цел, која што не беше ниту правда, ниту праведна држава, имаше за цел да изврши политички притисок за промена на власт и промена на име, втората за да рекетира бизнисмени и во интерес финансиски на врхушката на владата во која што бевте вие. Одлучив да гласам против Преспа, за ден потоа тоа СЈО да подигне обвинение против мене. Во Велес имаше излезеност само 22%, прво во Уставната проблематика не постои консултативен референдум, што е побитно Уставот или Законот? Се скарав и со Љубчо Георгиевски и со Груевски, сум имал проблеми во комуникација и со Мицкоски, па пак сум дел и помагам на партијата. Многу е лесно кога ќе го сетиме бранот на победа да дадеме поддршка, а кога ќе го сетиме бранот на пораз да се дистанцираме, рече Илија Димовски во вечерашната Само Вистина.