МИЦКОСКИ СО ДОКУМЕНТИ: Скандал за Чебрен, избришале член, а носеле одлуки како да постои, МИЛИОНИ ШТЕТА ЌЕ ИМА
Чебрен е еден процес кој што нашите информации велат дека изобилува со многу пропусти во самата постапка. Процесот е воден погрешно и е поставен на лоша основа и сега веќе понатаму како се напредува во тој процес сѐ повеќе и повеќе ќе имаме пропусти. Што сакам со ова да кажам? Прво и основно нашата стратегија и моја лична за изградба на Чебрен е дека тоа треба да го прави државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски.
Прашањето е дали може тоа да го прави државата и како може да го прави државата затоа што ценам дека од стратешки причини ни е потребен уште еден резервоар вода покрај постојните акумулации коишто ги имаме, истакна тој во интервујто за „Република“ говорејќи за постапката која што ја води Владата за изградбата на Чебрен.
Тој преку документи објасни што се случувало во процесот за изградба на „Чебрен“ и потенцираше дека е сериозно загрижен бидејќи како потенцијална идна влада овој спорен процес ќе му биде оставен во наследство на ВМРО-ДПМНЕ да го менаџира.
„Овој документ кој сега ќе го преставам е практично Службен весник од 17.01.2020 година број 13. Во овој Службен весник е објавена одлуката за започнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен и во овој Службен весник е дефинирана процедурата и условите коишто ги донела Владата кога премиер бил Зоран Заев на седница одржана на 24-ти декември 2019-та, а се објавува на 17-ти јануари 2020 година. Тоа е овој документ, односно Службен весник број 13. Одлука за отпочнување на постапка е донесена од владата предводена од Зоран Заев 24-ти декември 2019, објавена во Службен весник број 13 на 17 јануари 2020 година каде што се дефинираат правилата на игра. Во членот 5 од оваа одлука за отпочнување на оваа постапка се дефинирани обврските коишто ги презема државата и во членот 5, став 3 вели дека државата на компанијата која што ќе ја добие оваа набавка и ќе биде најдобар понудувач ќе ѝ ја отстапи хидроцентралата „Тиквеш“ која што сега функционира на Црна Река, позната во јавноста како Тиквешко Езеро, три месеци од датумот на старт на изградбата на хидроцентралата Чебрен. Значи 3 месеци по датумот на старт на изградбата.
Почнува да се гради, три месеци потоа го добиваат „Тиквеш“, па потоа треба да изгради 400-киловолтна трафостаница „Мариово“ каде што ќе се поврзе хидроцентралата, ќе направи експропријација на земјиштето, ќе изгради пристапни патишта до локацијата и бидејќи овој концепт е сложен, таканаречена реверзибилна хидроцентрала, ќе обезбеди ноќни вишоци на струја со која помалата хидроцентрала „Орлов Камен“ навечер ќе ја враќа водата повторно во „Чебрен“ и ќе може неколку пати истата вода да се користи преку ден за производство на електрична енергија. Тоа се условите кои што ги дефинира оваа одлука, истакна Мицкоски.
Тој додава дека ваквата одлука на владата на Заев се менува од страна на техничката влада на Спасовски и се брише членот 5, став 3 во кој што се опфатени обврските.
Одиме сега понатаму. Овој документ број два, што ќе го покажам е одлука која што ја носи техничката влада на Спасовски на 4-ти февруари 2020 година. Сега веќе имаме техничка влада која носи одлука на 4-ти февруари 2020 година. Тоа е одлука за изменување на одлуката која што ја носи владата на Зоран Заев и истата оваа одлука е објавена во Службен весник број 33 од 10-ти февруари 2020 година. Што вели оваа одлука? Оваа одлука вели дека членот 5, ставот 3 кој што ги опфаќа оние услови за коишто зборував како Тиквеш експропријација, пристапни патишта итн. Се брише, тој член став 3 повеќе не постои и тоа го објавува во Службен весник број 33 којшто е објавен на 10-ти февруари 2020 година.
Но, по само две недели од оваа одлука со која се модифицира првичната одлука и се бришат делови од истата, во текстот од јавниот повик повторно се појавуваат избришаните делови.
„Внимавајте понатаму. Ова е документ број четири. Ова е текстот на јавниот повик со којшто се покануваат компаниите да учествуваат на претквалификација од 17-ти јануари. Од прилика две недели откако владата на Спасовски ја модифицира одлуката на владата на Заев. И повторно магично ексклузивното право да ја управува и одржува ХЕЦ „Тиквеш“, внимавајте, три месеци по започнување со работа на ХЕЦ „Чебрен“.
Поништената одлука вели ќе му ја отстапиме на добитникот ХЕЦ „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, а во повикот повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“, но три месеци откако ќе биде завршена градбата. Тоа е голема разлика бидејќи ако од прилика таа градба трае 6 години, а ХЕЦ „Тиквеш“ произведува од прилика 140-150 илјади мегават часови, пазарната цена е некаде околу 120 евра мегават час, но таа е пикова енергија и е уште поскапа, но еве да речеме 120 евра мегават час, помножено со 6 години ние добиваме сума од 100 милиони евра. Но, што е важно? Помеѓу овој јавен повик, одлуката на Заев е одлуката на Спасовски да брише делови од одлуката на Заев за почнување на постапка. И се објавува јавниот повик каде што повторно се појавува ХЕЦ Тиквеш којшто не би требало да се појави бидејќи веќе е избришан од страна на владата која што ја предводи Оливер Спасовски две недели претходно“, потенцираше Мицкоски и додаде дека за ваквото непоклопување компанијата добитник вложила жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање кое е носител на оваа набавка.
„Овој е документ 5, записник од седницата на владата одржана на 14 септември 2023 година во која што се избира, сега три ипол години подоцна се носи одлука каде што се избира најповолен понудувач и така е дојдено до компанијата која што на јавноста кај нас е позната како ППЦ-Архиродон груп, односно грчкото електростопанство. Владата во таа одлука, ова е документ број 6 се повикува на Службен весник број 13 и број 33. Тоа се двата службени весници каде што еднаш ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата, а вториот пат ја брише. И тука не завршува сѐ. Откако ја добива оваа одлука компанијата добитник на 16.10 оваа година 2023, вложува жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање кое е носител на јавната набавка и вели дека членовите 5, 6, 8 и 10 оваа одлука се спротивни на тендерската документација на којашто тие учествувале“, потенцираше Мицкоски
Тој ги повика институциите ова да ѝ го разјаснат на јавноста и уште овие неколку месеци што се таму да не преземаат ништо со што дополнително ќе ја загрозат Македонија.
„Не знам дали е ова намерно направено. Не знам дали е од незнаење направено или од некои други причини, но предупредувам дека овој процес ваков каков што е, каков што сега го анализираме овде во вашата емисија е поставен на погрешна основа. Едно дрво погрешно засадено погрешно ќе изрти.
Предупредувам, бидејќи имаме право како потенцијална идна влада да бидеме загрижени дека ова може да не доведе до една многу, многу сложена ситуација и ги повикувам институциите, вклучително и потенцијалниот инвеститор да седнат и да го разјаснат ова на јавноста, затоа што вака како што е народот има право да знае која од овие одлуки е одлуката и зошто се појавува различно толкување на отстапување или неотстапување на хидроцентралата „Тиквеш“ која што е постојна, дали три месеци по отпочнување на градбата или три месеци по пуштање во функција на хидроцентралата Чебрен. И тоа е 100 милиони евра разлика, точно 100 милиони евра. Затоа предупредувам и до македонската јавност и до компанијата но и до македонските институции, уште овие неколку месеци што се таму да не прават проблеми со коишто дополнително ќе ја загрозуваат Македонија како држава, а воедно погрешно ќе го наведат и самиот инвеститор“, подвлече Мицкоски и додаде
„Повторно ќе кажам. Не знам дали е ова намерно, не знам дали е од незнаење или некои трети причини, но ова е скандал“.