Екипата на МРТ освои награда во Милано, Италија, за документарецот „Среќна 13ка“

Двоецот Тони Стојановски, што се појавува како сценарист и продуцент и Тони Ристовски како режисер, го изработија документарецот “Среќна 13-ка” посветен на Благоја Георгиевски Буштур, наш најдобар кошаркар во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

На финалето на Светското првенство за спортски филмови и ТВ, каде годинава учествуваа конкуренти од 5 континенти и 130 филмови, после селекција од континенталните првенства во категорија документарци – тимски спортови, тие ја освоија Почесната Награда.

Ова првенство е поддржано од Интернационален Олимписки Комитет и е голем успех за претставниците на Македонската Радио Телевизија.

Покрај наградата, интересен е фактот што Стојановски го објави на својот фејсбук профил каде посочи дека тоа што политичарите не успеваат да го направат, спортистите успеваат, алудирајќи на името на државата која е напишана на плакетата: МАКЕДОНИЈА!

„Сè што сторивте 30 години, ќе поправиме.
Само МАКЕДОНИЈА е вечна“, напиша Стојановски.