Ѕвездата на „Пријатели“, атерот Метју Пери е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес саботата попладне. Имаше 54 години.
Според информациите од американските таблоиди, неговото тело било пронајдено во јакузи. На лице место не биле пронајдени наркотици и според извори на ТМЗ, најверојатно станува збор за срцев удар.
Истрагата е во тек.
Засега нема официјални податоци од полицијата или неговото семејство.
Пери беше миленик на публиката во улогата на Чендлер.
– Длабоко сме потресени од смртта на нашиот драг пријател Метју Пери. Тој беше неверојатно талентиран актер. Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува низ целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден кога нашите срца се скршени. Испраќаме љубов до неговото семејство, најблиските и неговите фанови – соопшти Warner Bros телевизија, која го продуцираше „Пријатели“.