СДСМ е осамен на пуст остров, компот од расипани овошја секогаш е кисел, колкави дебели хонорари ќе „лапаат“ експертите за уставни измени???

„СДСМ e осамен на пуст остров и ја разбираме нивната нервоза. Правењето компот со расипани овошја секогаш ќе биде кисел“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во најновото соопштение.

„Партиските послушници или таканаречените експерти на ДУИ и СДС се доказ за немањето поддршка од сите општествени фактори на темата за уставните измени. И токму тие се причината за пропастот на сите образовни политики во изминатиот период“, дополнуваат од опозициската партија.

Како што велат, СДСМ да им објасни на граѓаните дека ова е уште еден проект од кој нивните гласноговорници ќе си ја наплатат поддршката преку дебели хонорари.

„Уставни измени во овој мандат нема да има“, додаваат од партијата.в