На милионерот Каевски не му значи што народот плаќа 30% поскапа струја, а владата за една година префрли 200 милиони евра на ЕЛЕМ, ете толку се успешни

„Каевски не ја разбира сиромаштијата во која живее народот, затоа што е милионер.

Каевски на триесетина година има 4 милиони на сметка и стан од 62 м2.

Во исто време додека Каевски е функционер. Фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра.

А додека функционерите на СДС се богатат над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден и не можат да платат сметки.

Со СДС народот плаќа 30% поскапа струја, а владата за една година префрли 200 милиони евра на ЕЛЕМ, ете толку се успешни.

Не разбирливо е што сака СДС да постигне со лагите кои секој ден ги повторуваат, кога секој еден граѓанин кога ќе ја погледне сметката гледа дека плаќа 30% поскапа струја. Ниту 1000 пати да кажат дека струјата не поскапела, нема да ја сменат реалноста дека поскапела и дека народот едвај плаќа сметки.

ЕЛЕМ едвај ги покрива потребите на регулираниот пазар, а потребни беа како што и самиот Ковачевски призна 200 милиони евра од државата за нормално функционирање на претпријатието.

Во однос на гасот, СДС подобро да молчи зошто 4 месеци плаќаа цени поголеми од берзанските, во услови кога можеа да платат цени и двојно помали од берзанските.

Колку се способни за енергетика гледаме и од хавариите во РЕК Битола и битуменизираните котли заради несоодветниот јаглен кој го увезуваат фирми блиски до власта.

За разлика од нив, кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски управуваа со енергетскиот сектор цената на струјата се намали, што се бројки кои сите може да ги видат, а производството на струја од домашни капацитети беше значително поголемо“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.