Тежок срам е што на меѓудржавна средба со шпанскиот колега Бујар Османи го користи албанскиот јазик, прашуваме на која држава е министер и од каде зема пари?
Бујар Османи во својство на МНР на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик иако е платен да ја преставува Република Македонија.
На прес конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба.
Ова е и кршење на рамнловниот договор и Уставот на државата.
Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата?
Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди?
Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам.
Очекуваме и реакција од владата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.