Со македонски пасош без визи во 125 земји
Македонскиот пасош е рангиран на 44. место според индексот на Henley Passport за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот.
Северна Македонија бележи напредок од една позиција во однос на лани кога беше позиционирана на 45 место.
Од земјите во регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош на осмото место и со него може да се патува во 185 земји, словенечкиот е на 11 позиција (182 земји), следуваат бугарскиот и хрватскиот на 18 (174), српскиот е 38 (136), црногорскиот 45 (124). Пасошот на Босна и Херцеговина е на 49 место (118 земји), на Албанија на 51 (115), а на Косово е рангиран како 101 (41).
На врвот на листата на Henley Passport се јапонскиот, сингапурскиот, јужнокорејскиот, шпанскиот, германскиот, италијанскиот, како и пасошите на скандинавските земји. На дното, пак, се патните исправи на Сирија, Ирак и Авганистан со кои без визи може да се патува во само во двесеттина земји во светот.