Утрово најстудено во Петровец и Берово
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а претпладнево е променливо облачно, со појава на магла или ниска облачност по котлините, каде има намалена хоризонтална видливост до 50 метри, пред се во Полошкиот регион, околу Демир Капија и во Скопско.
Утрово најстудено со измерена температура од -5 степени Целзиусови беше во Петровец и Берово, -4 во Битола и Струмица, -3 во Скопје, Тетово, Штип и Демир Капија, -2 во Гевгелија, Куманово и Лазарополе, -1 во Крива Паланка и Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Крушево и Дојран, 2 во Маврови Анови и Виница и 3 степени на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, пред се во јужните делови. По одделни котлини ќе има со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура во местата со подолготрајна магла ќе достигне до 6 степени, а во останатите делови ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со појава на ниска облачност и магла, која краткотрајно ќе се намали во текот на денот во делови од котлината. Максималната температура ќе се достигне до 6 степени.
Следните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со повисоки дневните температури, особено утре. По одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо со пониски дневни температури.