Стефковски: Усвоен е буџетот на општина Гази Баба за 2023 година
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека на денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба го усвои буџетот на општината за 2023 година.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
Усвоен буџетот на општина Гази Баба за 2023 година!
Советот на општина Гази Баба на денешната редовна седница го усвои буџетот на општина Гази Баба за 2023 година.
Усвоивме развоен буџет кој ќе се оствари и ќе обезбеди подобри услови за сите граѓани.
Овој буџет е концепиран согласно реалните барања на граѓаните и истиот е резултат на сеопфатен граѓански дијалог во рамки на кој остваривме средби со граѓани во сите Урбани и Месни заедници, како и средби со стопанството и сите советнички групи во Советот на општината.
Со денешниот буџет определени се средства за:
Нова детска градинка во Трубарево
Нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани
12.000.000 денари за обезбедување на бесплатни униформи за сите ученици во општина Гази Баба.
73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на локални улици.
10.000.000 денари за изградба на атмосферска канализација на Јордан Поп Јорданов во Маџари.
11.000.000 денари за нови спортски терени на вештачка трева и тартан подлога.
7.000.000 денари за изградба на нови детски забавни катчиња.
7.000.000 денари за изградба на нови спортски терени на местото на старото училиште Вера Јоциќ во Хиподром.
3.500.000 денари за нови паркинг места на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда, како и средства за изработка на сообраќаен проект за воведување на зонското паркирање.
9.000.000 денари за дирекна финансиска помош на спортот во општината.
Определени се и средства за субвенции на граѓаните за инвертер клима уреди, печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, како и субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата и чистење на оџаците.
Обезбедени се средства и за финансиска поддршка за реконструкција на лифтови и финансиска поддршка за реконструкција на кровови.
Усвоивме развојна повеќегодишна програма за обезбедување на средства за продолжување на изградбата на нова мрежа на фекални канализации.
Но и многу други проекти.
Во овој буџет нема место за непродуктивни трошоци и нема средства определени за репрезентација.
Најголемиот дел од буџетот е наменет за реализација на капиталните инвестиции.
2023 година за општина Гази Баба ќе биде година на напредок и развој! – напиша Стефковски.