Ристески: Спортско игралиште за лицата со попреченост во селото Манастирец
Денес е Меѓународниот Ден на лицата со попреченост!
Овие лица не се ниту болни ниту заразни, нив треба само да ги прифатиме со целата нивна вредност и убавина.
Општина Македонски Брод на соодветен и благороден начин го одбележува овој ден, со доделување на ново изградено спортско игралиште во населеното место Манастирец, со цел поуспешна и полесна инклузивност на овие лица во општественото дејствување.
Ние сме секогаш со вас! Среќен нека е овој Ден, напиша градоначалникот на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ Жарко Ристески