Папазов: Заврши реконструкцијата на канализационата мрежа во село Тркање
Завршена е реконструкцијата на канализационата мрежа во село Тркање. Улицата „Гоце Делчев“ на којашто се изведуваа градежните работи е асфалтирана и вратена во првобитната состојба, информира Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.
„Со реконструкцијата на канализационата мрежа се реши долгогодишен проблем со канализацијата во село Тркање. Инвеститор е Швајцарската агенција за економска соработка – СЕКО, а изведувач е фирмата ИЗГРЕВ – ИНЖЕНЕРИНГ Велес“ – истакна тој.