Ова е Македонецот кој е пронајден мртов во Софија, пријателите обвинуваат дека е убиен (ФОТО)
Тело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено на 17 декември околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија, јавува дописникот на МИА од Бугарија.
Боби Илиоски на својот фејсбук профил сподели за трагедијата што се случила во соседна Бугарија. Имено станува збор за македонск и државјанин кој бил пронајден мтров, а настанот се случил изминатиот викенд.
-Сабота, 17ти- Декември, е убиен македонски државјанин во соседна Бугарија, Стојан Спасов. Два дена после неговата смрт, никој од македонските медиуми не го објавува случајот. Столе е пронајден мртов пред шопинг мол. Телото е на обдукција и се уште не знаат како е настаната смртта. Апелирам до медиумите да ја објават веста за неговата смрт! Истовремено апелирам до македонската полиција и до македонските служби да помогне во обдукцијата да се дознае вистинската причина за смртта, и да помогне за враќање на телото во нашата држава, напиша тој.