Мизрахи: Системот е комплетно нефункционален, граѓаните се за предвремени избори тоа го покажуваат анкетите

Видете на толкава бучава и на толкава дисфункционалност кој што сака нека каже, на крајот на денот активната блокада во Собранието доведе до тоа на една плејада на неубави да кажеме закони за општеството, не полезни за општеството не се донесени во Собранието. На ваков притисок ќе се распишеа предвремени парламентарни избори во било која нормална, демократска парламентарна држава. Зошто власта не ги распишува доказот е во анкетите, тие знаат дека ќе има кардинално губење на следните избори и заради тоа кочничарењето е за што подолго да можат да се задржат на власт,  истакна Рашела Мизрахи пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа дополни дека за една нормална партија која била на власт не е страорно да оди во опозиција, но според нејзе тоа не е случај со СДСМ кои знаат дека ќе има ревизија на нивното работење и сите скандали, коруптивни зделки, финансиски штети кои се нанесени на државата, па дури и според Мизрахи велепредавства, во тој случај логично е да се направи се да се остане на власт бидејќи последиците ќе бидат катастрофални по СДСМ.

-Траорното дисфункционирање на државата како резултат на ова владеење, доколку чекаме и понатаму ќе биде уште по траорно, а како и да е ВМРО-ДПМНЕ со доаѓање на власт ќе ја гради државата од почеток, тоа значи што побргу, што повеќе може да се стопираат одредени процеси би  било подобро. Вие имате во овој момент министри и членови на Владата кои што на граѓаните им тврдат дека инфлацијата е имагинарна, таа не е реална, тоа значи дека веќе не се ни грижат што ќе изговорат и со кој образ ќе се движат пред народот, ништо од тоа не е битно, битно е да издржам што можам подолго, а најверојатно понатаму планот не им да се појавуваат пред јавноста па можеби некој од нив планираат и да ја напуштат државата. За опозицијата е многу битно што побргу да се заврши со ова државно фијаско, како би можеле да ги потераме процесите на подобрување на државата и рехабилитација на повредите кои се нанесоа во изминатите шест години, рече таа.