Нови дојави за бомби во училишта
Неколку училишта во Скопје утринава повторно добиле дојава за поставена бомба.
Меѓу нив е и основното училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче. КУРИР дознава дека дојави за бомби добиле и училиштата „Александар Македонски“, „Браќа Миладиновци“ и „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.
Учениците се евакуираат, a полициските екипи се на терен.
Во моментов точниот број на училишта кои утринава добиле заканувачка порака за поставена бомба не е познат.
Од МВР потврдуваат дека утринава добиени се дојави за бомби во училишта, а во тек се проверки.