Нови дојави за бомби во училишта

Неколку училишта во Скопје утринава повторно добиле дојава за поставена бомба.

Меѓу нив е и основното училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче.  КУРИР дознава дека дојави за бомби добиле и училиштата „Александар Македонски“, „Браќа Миладиновци“ и „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.

Учениците се евакуираат, a полициските екипи се на терен.

Во моментов точниот број на училишта кои утринава добиле заканувачка порака за поставена бомба не е познат.

Од МВР потврдуваат дека утринава добиени се дојави за бомби во училишта, а во тек се проверки.