Блесна новогодишната елка под вода во Охрид, таа носи моќна симболика – еве во чија чест е накитена
Клубот за подводни дејности Охрид, традиционално ја накити елката на градското пристаниште. Елката под вода е атракција, но крие моќна симболика.
Таа е поставена во чест на децата со ретки болести. Беше доделена и парична помош на социјално загрозените семејства.
„Како и секоја, и оваа нова 2023 година, нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство“ – пишуваат од нуркачкиот центар и им ја честитаат 2023 година на сите граѓани.