Мицкоски: Одлука на ДКСК и пресуда на Граѓанскиот суд како доказ дека СДСМ лаже за „хидроцентралите на Мицкоски“
Ја разбирам потребата на СДСМ и нивните инсталации континуирано да водат црна кампања полна со невистини, клевети и омаловажувања кон мене, повеќе од четири години, но македонската јавност мора да ја знае вистината. Имено, во текот на вчерашниот ден 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/51032, изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два докази, стои во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој напиша дека првиот доказ е одлука на државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни (слика 1).
– Вториот доказ е пресуда на граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook (слика 2 и 3). Нервозни се бидејќи аферата броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај, додава Мицкоски во својата Фејсбук објава.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/655495092599087