Утре средба Мицкоски – Ковачевски за енергетската криза

Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски нов лидер на  СДСМ – Радио Лидер

Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија од владата и од двете партии.

Средбата треба се одржи во 16 часот за кога е закажана.

Премиерот и лидерот на опозицијата ќе бидат придружувани од своите економски тимови. Главна тема е енергетската криза.

Власта и опозицијата изминативе десетина дена се критикуваа и меѓусебно обвинуваа за понудените решенија за кризата со набавка на гас и струја и за производство на електрична и топлинска енергија.