Бугарија со Декларација го потврди ставот дека не го признава македонскиот јазик
Во посебна декларација, од страна на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Софија укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање на „македонскиот јазик“ од страна на Република Бугарија пишува порталот БНТ.
Декларацијата со бугарската позиција ќе биде земена предвид од Советот на ЕУ, пишува порталот. Таа била презентирана пред постојните претставници во Брисел при самото гласање за преговарачката рамка за Скопје.
Во декларацијата се наведува и дека:
Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.
Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.
Со мерки во три документи – Рамка за преговори, заклучоци на Советот и билатерални протоколи – Бугарија утврдува мерки за строго спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година од Скопје, што ЕК ќе го следи.
„Повикувајќи се на став 7 од Заклучоците на Советот за [Проширување – Македонија и Албанија] од (јули 2022 година),
Повикувајќи се на став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во ЕУ и нејзиното повикување на официјалниот јазик на Република Македонија, согласно нејзиниот Устав, како јазик за превод на законодавството на ЕУ,
Со оваа декларација Бугарија го потврдува следново:
Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.
Секое повикување на официјалниот јазик на Република Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“.
Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“, се вели во Декларацијата.