ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија, дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?!
Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија, дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?! Се вели во партиското соопштение испратено до медиумите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Што бара владиниот тим во Софија и дали Ковачевски повторно ќе кажува дека не го видел предлогот кој го преговараат негови луѓе? Ковачевски со неговото лажење и манипулирање ја загрози државата. Трајно се нарушени Македонските позиции. Ковачевски ја загрози и Македонската евроинтеграција. Со предлогот каков што го преговараше Ковачевски Македонија за да влез во ЕУ треба да се бугаризира. Од првичните намери беше спречен од народот, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега повторно на мала врата преговара нешто кое удира по Македонските црвени линии, па после ќе кажува дека не го видел предлогот“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Не поминуваат веќе лагите на Ковачевски. Избори веднаш, додаваат од таму.