Сите жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските борци во Мариупол, изјави во Телеграм Ирина Верешчук, заменик-премиер на Украина.
„Наредбата на претседателот е извршена. Тој дел од хуманитарната операција во Мариупол е завршен“, напиша таа.
Проруските сили соопштија дека уште 50 лица биле евакуирани денес од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во прифатен центар на територијата на ДНР.
Штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) објави на Телеграм дека од фабриката за челик сега се евакуирани вкупно 176 цивили.