Со изборот за амбасадори власта ги навредува и земјите кај што ги праќа, но и сопствените граѓани

Дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден.

На листата скандалозни одлуки за именувања на кои веќе се наоѓаат ТВ презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов.

Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови.

Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот кој се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори  за вработувања, оваа влада го предлага да ја застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ.

Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата освен партиско – политички функции немаат никаква заслуга за Македонија, ниту пак капацитет,  за да бидат назначувани на вакви значајни позиции.

СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и за жал создава скандал дипломатија која ја срами Македонија кај што ќе стигне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Постави одговор

Your email address will not be published.