Јанакиевски доби две години условна казна во предметот „Дизајн”

Миле Јанакиески пренесен во болница – Лидер

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и две други обвинети во случајот „Дизајн”, доброволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар и беа огласени за виновни и осудени на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните пет години не сторат ново кривично дело.

Против пресудата странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје, се вели од Кривичен суд Скопје.