Со блокади на патиштата, пушки и украински знамиња, жителите на Киев се подготвуваат за пристигнување на огромниот руски конвој – репортажа на CNN

Soldiers use sand to block a road in Ukrainian capital of Kyiv on March 1.

Возењето низ центарот на Киев не остава простор за сомнеж. Ова е град кој се подготвува за голем руски напад.
Редови од бетонски панели наредени во формации слични на лавиринт. Противтенковски блокови на патишта. Купишта вреќи со песок. Импровизирани бариери изградени од случајни парчиња метал, дрво, стари гуми или што било при рака.
И каде и да погледнете, има сини и жолти украински знамиња.

Градот е необично тивок. Многу луѓе побегнаа во последните денови. Оние кои останаа се затрупани во засолништа за бомби, подруми и станици во метрото.

Контролните пунктови по должината на влезните точки на градот се управувани од обични Украинци. Овие не се војници. Пред една недела, многу од овие мажи би биле на работа или би уживале во слободното време со своите пријатели и семејства.
Сега, тие се подготвени да го бранат главниот град на својата земја.

Oleksiy Goncharenko -- a member of Ukraine's parliament -- mans a checkpoint in Kyiv on Tuesday, March 1.

Олексеј Гончаренко чуваше еден од контролните пунктови во Киев, вооружен со пушката што ја зеде минатата недела откако одговори на повикот од украинските власти да се подготви за одбрана на земјата.

Беше страшно студено, а Гончаренко работеше во смени, со други волонтери. Кога не е на контролниот пункт, тој вели дека е во базата, помага каде што може: „Хуманитарна помош, помагање на луѓето да стигнат до одредени места, организирање транспорт, споделување информации“.

Гончаренко не е – и никогаш не бил – воен човек. Тој е пратеник во Врховната Рада, украинскиот парламент,
„Јас воопшто не сум професионален војник, но можам да се обидам и можам да дадам се од себе и ќе го сторам тоа доколку руските сили влезат во Киев“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Повеќето од мажите на контролните пунктови се насмеани. Кога ќе помине автомобил, тие ги поздравуваат патниците, мавтаат и им посакуваат безбедно патување, каде и да одат.

Мажите овде се обидуваат да го одржат моралот на високо ниво, иако премногу добро знаат дека непријателот со кој се соочуваат е многу подобро опремен.
Русија собра воен конвој долг 64 километри составен од оклопни возила, тенкови, влечена артилерија и други логистички возила – кој се приближува до периферијата на Киев.
Повеќето, но не сите од мажите на улиците на главниот град се опремени со пушки. Тие се стационирани покрај патот што го поврзува центарот на градот на Киев со неговите предградија.

Парчињата жолти ленти на ракавите покажуваат дека тие се дел од Територијалните одбранбени сили, огранок на вооружените сили на Украина, кој се состои главно од доброволци. Десетици илјади се придружија во последните денови.
Некои изгледаат многу, многу млади, облечени во тренерки и патики. Во студеното време, бранителите на градот, заедно со сите други во Киев, чекаат што и да дојде.

Извор: CNN

Постави одговор

Your email address will not be published.