Мицкоски: Животот не учи дека не постои бесплатен ручек, сега владата ќе се презадолжи, со пари кои ќе ги враќаат идните генерации
„Во моментов ако ја погледнете состојбата на Буџетот, приливи и расходи, ќе видите дека вчера затвори денот, тоа е 9-ти март со од прилика 13 милијарди денари дефицит. Тоа е 215-216 милиони евра. Значи 215-216 милиони евра, тие повеќе повеќе потрошиле отколку што имаат приход. И велат дека е во фантастична добра кондиција. И они ќе продолжат да трошат, затоа што планот нивен да продолжат да позајмат пари од домашниот пазар во моментов претпоставувам не е возможен така како што тие планирале, бидејќи и тие што позајмувале пари банките се практично до плафон задолжени, односно имаат позајмено. И сега прашањето е дали ќе успеат да обезбедат пари на меѓународен пазар“, запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека има некои неофицијални информации дека на секундарен пазар тешко се препродаваат обврзниците.
„Животот вели дека никогаш немате бесплатен ручек. На крајот од денот сметката стига. Така што тие ќе мора да ги обезбедат тие пари од таков тип на позајмување, а за жал таа неспособност и отсуство на стратегија ќе ја плаќаат нашите деца, односно ќе ја плаќаат идните генерации’, нагласи Мицкоски.