Мицкоски: Да го прифатеа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ сега народот ќе плаќаше 11 денари поевтино гориво
Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека доколку власта го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ народот сега ќе плаќаше 11 денари поевтино гориво.
„Доколку го намалите данокот, тогаш тоа нема ефект, даночната основица повторно е голема и повторно ќе имате зголемување на цените на основните артикли во маркетите. Тука е суштината, затоа ние сакавме да зафатиме со нашиот предлог повеќе во даночната основица, отколку отколку во данокот на додадена вредност. Се со цел да го заштитиме колку толку стандардот на граѓаните и да не дозволиме зголемување на цените. Ако го прифатеа тоа што ние го предлагавме тогаш безоловниот 95 и 98 октани, даночната основица ќе беше некаде за 11 денари по литар помала од таа која што ја предлага владата односно дизелот ќе беше некаде околу 9 денари поефтин отколку тој што го предлага Владата“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде и дека ВМРО -ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните преку конечната цена на производите во маркетите а власта само за сопствениот приход во буџетот за да можат да поминуваат тендерите во четири очи.