Мицевски: Хаос сте откако сте дојдени на власт, целта ви е да поставите подобни членови во комисијата за избори и именувања
На денешната седница во Собранието на Република Македонија координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека СДСМ и ДУИ се во хаос откако се дојдени на власт а целта на она што неколку денови се случува во Собранието е да се постават подобни членови во комисијата за избори и именувања, а притоа седница не се закажува бидејќи Фадил Зендели не им е подобен за член на таа комисија.
„Прекинете со обвинувањата, Заев го обвинуваше народот, Бислимовски вели дека многу трошеле струја, повторно народот ви е крив, вие тука ја обвинувате администрацијата во Собранието, до кога така, какво блокирање на Собранието, за што зборувате вие, на 25 февруари има стигнато допис од Владата кои закони ќе продолжи да ги работи новата влада, го добивме вчера како материјал. Владата се нема произнесено до вчера кои материјали и кои закони остануваат во владина процедура, и вие опозицијата да ја обвинувате, па вие имавте функционална комисија само што членовите во неа не ви одговараат, за да ги правите „маниматите“ што сакате да ги правите, намерно употребувам штипски збор, затоа што „манимати“ не е добар збор и знаат штипјани за што зборувам“, нагласи Мицевски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски истакна дека целта на она што неколку денови се случува во Собранието е да се постават подобни членови во комисијата за избори и именувања, а притоа седница не се закажува бидејќи Фадил Зендели не им е подобен на власта за член на таа комисија.
„Целта на ова што го правите е да ставите подобни членови во комисијата, прекинете да ја обвинувате опозицијата, 4 месеци да обвинувате за нефункционалност на комисија, немојте ве молам. Па и комисијата за финансирање и буџет нема претседател па таму 25 продолженија и нови седници се закажаа од страна на претседателот на Собранието. Оваа комисија 4 месеци нема претседател, не закажувате седница затоа што Фадил Зендели потпретседател на собранието кои што вие го гласавте не јас сега не ви е погоден за член на таа комисија и ја обвинувате опозицијата ве молам кој хаос во Собранието, Владата го достави вчера материјалот кои закони остануваат во собраниска процедура. Хаос сте вие, откако сте дојдени на власт, народот ви го препознава тоа чека само парламентарни избори и да заврши со вас“, заклучи Мицевски.