Иванка Василевска: Зошто му се брза на претседателот на Собранието Џафери?
Речиси пет години по „крвавиот четврток“ во македонскиот парламент, Уставниот суд на утрешната седница ќе ја оценува уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на парламентот, на 27 април 2017 година.
Уставните судии утре ќе ја разгледаат иницијативата за оценување на уставноста на првата одлука за избор на актуелниот претседател на парламентот, иако, во меѓувреме, во август 2020 година, Џафери беше и реизбран на функцијата, овој пат во далеку помирна атмосфера, а по последните парламентарни избори.
На дневен ред на седницата на судот се иницијативите поднесени на Одлуката за избор на претседател на Собранието бр. 08-1108/1 од 2 мај 2017 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 53/2017). Подносители на иницијативите се Тодор Петров, претседател на Светски македонскик конгрес, Васко Лазески од Кичево, Богдан Илиевски и Борис Дамовски од Скопје и Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе.
Во една од иницијативите е наведено дека оспорената одлука е потпишана од неовластено лице во својство на заменик-претседавач на конститутивната седница на Собранието, чие продолжение се одржа на 27 април 2017 година.
Иванка Василевска се огласи на својата официјална страна коментирајќи го денешниот преседан во Собранието на Република Македонија со кој се крши деловникот и демократијата во Собранието.
На само 4 минути пред започнување на седницата за точка на дневен ред денеска беше предложена Одлука за разрешување на член на Комисијата за избори и именувања.
Со оваа одлука без никаква причина спротивно на законот и деловникот за работа се бара разрешување на членот на комисијата кој доаѓа од опозицијата.
Целта на власта е насилно без почитување на процедурите да направи вештачко мнозинство во комисијата и со тоа меѓудругото да спроведе целосна партизација на Уставниот суд.
„Зошто му се брза на претседателот на Собранието Џафери?
Ете зошто се крши Деловникот за работа на Собранието и Уставот на Република Македонија.
Ете затоа довчерашниот подобен пратеник од БЕСА, денес за Талат Џафери и за владејачкото мнозинство е неподобен и токму затоа истиот неделовнички се трга од Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, бидејќи токму таму ним им е потребно да си изберат уставни судии по мерка на СДСМ и ДУИ.
Овој срам нема поддршка од македонскиот народ и воопшто од македонските граѓани.
Доста е, ајде на избори“, напиша Василевска.