ЈО да отвори предмет за МВР за тендерите од милион евра

Институциите за справување со корупцијата молчат пред скандалот во МВР, откако стана јасно дека мала фирма за камионски транспорт добива тендери од еден милион евра, и тоа тендери не за транспорт туку за водоинсталатерски работи и набавка на соларни панели.

Уште повеќе молкот од ДКСК и молкот од ЈО доаѓа откако стана јасно дека овие два тендери доделени на неспецијализирана фирма, ДООЕЛ на еден човек, биле спроведувани во предизборен период.

Почитувани,

Не е до перцепцијата, Македонија тоне во криминал, тоне во корупција заради молк на институциите што треба да се борат со криминалот и корупцијата. Внимавајте МВР, дава милион евра тендер за сончеви колектори и водоинсталатерски работи на, народски кажано, „трговец поединец“ мала фирма за камионски транспорт? И тоа за ДКСК и за ЈО не е тема за отворање на предмет? Уште повеќе што постојат индиции дека таа фирма на еден човек, и до сега има тендерски скандали во јавноста, а поврзани со СДСМ и нивните градоначалници.

Уште еднаш ова се документите, ова се договорите, двата договори вредни еден милион евра за сончеви панели и водоинсталатерски работи, ова се податоци од централен регистар и УЈП. ЈО не смее повеќе да молчи и да дозволува да царува криминалот и корупцијата со злоупотреби на институциите за државна репресија, институција како министерството за внатрешни работи. Документите се јавно достапни, ЈО мора да отвори предмет за МВР, за двата тендери вредни еден милион евра.

Почитувани,

Ја втурнаа Македонија во тешка економска и енергетска криза, единствено што се работи е криминал и корупција на високо ниво! Ова е неиздржлива состојба и затоа веднаш се потребни брзи предвремени избори!

Линк во видеото: