1722 нови заболени од Ковид-19, 25 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.939 тестови, а регистрирани се 1.722 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и  Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес ( 68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од пријавените лица пет лица  се починати во болнички услови и четири  лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 05.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=25),  7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.