„Тешка“ дипломатија – кого тоа испраќаме за конзули во светот???
Молк од Владата, од потрпаролите кои ниту потврдуваат, ниту демантираат дека синоќа, на затворениот дел на вчерашната седница на Владата било одлучено тв презентерката Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк, САД, а во Чикаго на позицијата генерален конзул веќе се наоѓа синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, Петрит Муслиу.
Ниту Ејупи, ниту Муслиу немаат ниту квалификации, ниту се дипломати од кариера. Единствено нешто што имаат заедничко е блискоста со владеачката ДУИ.