Стопанската комора за енергетика на 25 февруари излегува на протест
Стопанската комора за енергетика и компаниите на 25 февруари протестираат пред Владата, каде што ќе ги повторат своите барања и решенија за состојбата со енергетската криза.
Имено, тие доставија барања до Владата да има одговорност за енергетската криза од најповиканите во Владата и енергетските компании. Државата мора да издвои пари од Буџетот и за компаниите за да им се помогне да ја надминат енергетската криза. Со проблеми се соочуваат од сите индустрии.
За изваја за Вечер претседателот на Комората, Ѓорѓи Манасков рече:
„Ако Владата и ЕСМ нè послушаа и уште во август набавеа електрична енергија по 90 евра за мегават-час, ќе потрошеа 350 милиони евра, ќе ги спасеа од загуби и долгови енергетските компании и немаше да има енергетска криза. Сега, вкупните загуби на енергетските компании се над една милијада евра и дополнително ќе се зголемуваат бидејќи енергетската криза нема да заврши утре“.