Денес се одбележуваат 183 години од раѓањето на Рајко Жинзифов и 145 години од неговата смрт

Рајко Жинзифов е роден на 15 февруари 1839 година во Велес. Потекнува од влашко семјество кое од Битола се доселило во Велес. Тој е македонски преродбеник, публицист, писател и поет, преведувач и собирач на народно творештво и е еден од учениците на Миладинов.

Жинзифов е авторот на биографијата на браќата Миладиновци.

Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошула“, која е издадена во 1870 во Браила, романија на македонски јазик. Современиците на Жинзифов сметаат дека оваа поема ја напишал уште во Македонија, некаде во 1857 година. Во поемата се осудува турската тиранија и се опишува неподносливиот живот на нашите луѓе под турско ропство. Пишувана под силно влијание на украинските песни на Тарас Шевченко, поемата „Крвава кошула“ опишува вистинска случка за една мајка која откако Турците ѝ го убиле единствениот син, ја донела неговата крвава кошула в град да ја покаже на народот во црковниот двор.

Тој исто така го напишал и првиот расказ во нашата литература под наслов: “На Прошедба”.

Рајко Жинзифов бил соработник на весниците: „Дунавска зора“, „Македонија“, „Слобода“, „Бугарска пчела“, „Век3, „Време“ и на списанијата „Читалиште“, „Периодическо списание“, „Бугарски книжици“ и др.

Рајко Жинзифов секогаш се спротивставува на елинизацијата на населението во Македонија.