Прогноза за следните денови: Утринските температури пониски, дневните во пораст, од сабота повторно влажен бран
Во следните два дена времето ќе биде стабилно, утре со умерен до засилен северен ветер, повремено со брзина над 60км/час.
Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во пораст, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела.