Обвинителот на Меѓубародниот кривичен суд може да истражи какви било воени злосторства или акти на геноцид во Украина

Меѓународниот кривичен суд денес го потсети светот дека ја набљудува Украина и може да ги истражи сите „акти на геноцид“ и „воени злосторства“ забележани таму.

„Ги потсетувам сите страни кои водат воени дејствија на територијата на Украина дека … мојата канцеларија може да ја врши својата јурисдикција и да истражува какви било акти на геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства извршени на територијата на Украина од 20 февруари 2014 година наваму“, се вели во соопштението на Обвинителот Карим А.А Кан од Меѓународниот кривичен суд.

„Мојата канцеларија ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата во Украина“, додаде тој. „Во независното и непристрасно остварување на својот мандат, Канцеларијата останува целосно посветена на спречување на злосторствата и на обезбедување дека секој одговорен за таквите злосторства ќе одговара.

Постави одговор

Your email address will not be published.