Мизрахи: Со законот за судии и јавни обвинители и со барањето да се одговара за негативно мислење се оди кон држава како што е Северна Кореја

Во пиар механизмите кои ги спроведува оваа власт видовме нешто што се вика феномен на димна завеса, односно перцепцијата да ја измени реалноста. Но тоа има крај бидејќи граѓаните живеат во таа реалност и се свесни, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Што не е јасно“ на Алфа додавајќи дека така на власта не успеа да го протне предлог Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во се предвидува одговорност за негативно мислење.

Таа појасни дека власта многу закони се обидува преку плаштот на европско знаменце да протнува закони, и така дојде и тој закон кој сакаше да го спроведе по итна постапка. 

– Тоа е проблематично, и тоа што ќе уследи во нашето општество во кое народот е под притисок поради бројните кризи, ќе значи дека  луѓето ќе се тужат еден со друг, но и втора работа дали ние наликуваме на држава ги опресира медиумите и граѓаните, истакна Мизрахи.

Мизрахи потенцираше дека токму затоа власта затоа сака да го стиши Собранието бидејќи таму се дискутира за ваквите закони и јавноста ќе слушне какви се намерите на власта.

Дали власта сака да ни забрани да мислиме, да има контрола на мисловниот процес? Ние се стремиме кон ЕУ, но ЕУ значи демократски процеси и правила, не правила на страв и опресија, па дури и на мисловниот процес, тоа нема врска со она што ЕУ го бара од нас, нагласи Мизрахи.

Таа се осврна и на законот за судии и јавни обвинители, потенцирајќи дека и од тоа предложено решение јасно се гледа дека се оди кон држава која нема поврзаност со демократско општество која оди кон страв и опресија на граѓаните.  

– Законот за судии и обвинители е со европско знаменце и вакви закони не може да бидат со европско знаменце, со скратена постапка и под притисок.  Во ова законско решение се нуди мерит системот за судии и јавни обвинители да биде  субјективен. Да има советодавно тело кое ќе даде поени и тоа 80% од одлуката, а во тој совет член се назначува директно од министерот за правда, рече Мизрахи.

Според неа за ова итно да се реагира и тоа да не значи само министерот да излезе и да рече дека ќе се повлече законот, мора да се знае кривец, кој ги изготвил тие решенија, кој посакува да живееме во држава од типот на Северна Кореја и истите да бидат повлечени од постапките.

– Како вие преку вакви  судии и јавни обвинители ќе обвините некој за коруптивни дела, кој што го назначил дотичниот да биде судија или обвинител? Никако. Ќе влеземе во еден круг од кој нема излез. Не залудно ни се посочува дека главниот проблем ни се корупција и криминал, истакна Мизрахи.

Таа нагласи дека да имате контрола на обвинителство и судство, тоа значи дека никој од власта никогаш нема да подлежи на прогон  бидејќи е назначен од одредени структури.

Постави одговор

Your email address will not be published.