Ковачки: Карма-каша се прави кога се обидуваш да ја извртиш вистината
„Заев пред 2 години најави отстранување на зборот “бугарски” пред фашистички окупатор. Оти фашисти ја окупирале Македонија, но тие не биле Бугари.
Денеска, членот на историската комисија Ѓорѓиев, ни објаснува дека имало “бугарска” окупација, но дека таа не била фашистичка. (?!)
Во стилот на Бујар Османи, не знам дали политичарот Заев се меша во историја, или историчарот Ѓорѓиев се меша во политика, но знам дека ваква карма-каша се прави кога се обидуваш да ја извртиш вистината.
Не е важно тоа што ДУИ и СДСМ секојдневно се заглавуваат се’ подлабоко во своите лаги, туку тоа што и’ прават непоправлива штета на Македонија и на нејзините национални позиции и интереси“, пишува Драган Ковачки на својот фејсбук профил.
Линк до статусот: