1045 нови заболени од Ковид-19, 29 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица – по 32, Кочани – 19, Штип – 17, Гевгелија – 14, Неготино – 12, Струга и Свети Николе – по 11, Кичево – 8, Ресен – 6, Кратово – 4, Делчево и Богданци – по 3, Радовиш и Валандово – по 2, Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица: 11 починати лица од Скопје (67г, 74г, 74г, 76г, 77г, 77г, 77г, 77г, 80г, 83г и 85г), 3 починати лица од Прилеп (71г, 78г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (57г и 76г) и Штип (65г и 79г) и по едно починато лице од Кратово (81г), Крушево (82г), Неготино (85г), Охрид (86г), Ресен (64г), Куманово (76г) и Струга (69г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1). Починатите се на возраст од 64г до 82г. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 02.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=29),  6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.